• недела, 12 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вечерва протести во 10 српски градови: „Србија не може да се смири“

Вечерва протести во 10 српски градови: „Србија не може да се смири“

Белград, 16 август 2025 (МИА) - Студентите во блокада за вечерва најавија нови протести под мотото „Србија не може да се смири“. Според организаторите, собирите ќе се одржат на повеќе локации во главниот град, како и во уште девет градови низ земјата.

Како причина тие ги наведуваат прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, како и нападите врз демонстрантите извршени од маскирани лица и приврзаници на Српската напредна партија.

Повеќето собири почнуваат во 20 часот, а најголемиот се очекува во Ваљево. Таму граѓаните ќе протестираат против, како што велат организаторите, „изживувањата и малтретирањето на полицијата врз сите кои не се согласуваат со режимот на претседателот Александар Вучиќ, вклучително и врз малолетници“. Дополнително, демонстрантите ги обвинуваат маскираните групи и за уништување на повеќе објекти.

Демонстрациите траат уште од ноември минатата година, кога при уривање на покривна конструкција на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан