• понеделник, 23 декември 2024

Ветеранот Миура ја почна својата 36. професионална сезона

Ветеранот Миура ја почна својата 36. професионална сезона
Токио, 10 март 2021 (МИА) – Највозрасниот фудбалер на светот Казујоши Миура денеска ги одигра завршните минути во поразот од 2:0 на неговиот клуб Јокохама против Урава во јапонското првенство со што ја почна својата 36. сезона во професионалниот фудбал. Миура, кој на 26 февруари го прослави својот 54 роденден, во септември минатата година постави нов светски рекорд како највозрасен фудбалер, појавувајќи се на теренот во дресот на Јокохама со 53 години, шест месеци и 28 денови. „Кралот Казу“, кој на својот дрес го носи бројот 11, на 11 јануари, во 11 часот и 11 минути потпиша нов едногодишен договор со јапонскиот прволигаш. -Кога го потпишав првиот професионален договор во Бразил на 18 годишна возраст не можев ниту да претпоставам дека ќе играм на овие години. Успеав да го направам тоа, бидејќи секоја година целата своја енергија му ја постветувам на фудбалот. Сакам да продолжам да играм фудбал колку што можам подолго, но, не знам колку долго тоа ќе трае, можеби ќе престанам да играм утре, можеби после две – три години, изјави Миура за официјалниот сајт на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ег/

Остани поврзан