Вест Хем е подготвен да го продаде Рајс за 100 милиони фунти
- Премиерлигашот Вест Хем е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Деклан Рајс. Раководството на клубот бара 100 милиони фунти за фудбалерот, објави Скај Спорт.

Лондон, 7 август 2020 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Деклан Рајс. Раководството на клубот бара 100 милиони фунти за фудбалерот, објави „Скај Спорт“.
Дваесет и едногодишниот Англичанец го бараат Манчестер сити и Манчестер јунајтед.
Рајс оваа сезона има одиграно 26 натпревари во Премиер лигата, постигна еден гол и четири асистенции. зс/