Вестбрук: Не сум во криза, ќе се справам со ситуацијата
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук, се произнесе за нискиот процент на реализација на последните натпревари.

Лос Анџелес, 13 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук, се произнесе за нискиот процент на реализација на последните натпревари.
Во поразот од Сакраменто (116:125), Вестбрук има погодени 2 од 14 шутови од поле, додека на последните три средби има само 8 од 40 прецизни удари кон противничкиот кош.
Расел не се согласи со новинарот, кој оцени дека играчот е во криза.
- Мислам дека тоа не може да се нарече криза. Ќе се справам со ситуацијата, тоа е сè.
Вестбрук поддршка доби и од првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс.
- Се надевам дека ќе продолжи напорно да работи и дека ќе се врати во препознатливата за него форма.
Лејкерс по 42 натпревара имаат по 21 победа и пораз и се наоѓаат на 8. место во Западната конференција од НБА-лигата. зс/