• среда, 27 ноември 2024

Верстапен ќе загуби три позиции на почетокот на трката за ГН на Русија поради судирот со Хамилтон

Верстапен ќе загуби три позиции на почетокот на трката за ГН на Русија поради судирот со Хамилтон
Монца, 12 септември 2021 (МИА) - Стјуардите на италијанското ГП го разгледаа инцидентот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон. Лидеритево Формула 1 шампионатот се повлекоа од трката по меѓусебниот судир. Судиите го казнија пилотот на Ред Бул со губење на три позиции на почетокот на следното ГН, во Русија, што ќе се одржи на 26 септември. Покрај тоа, Верстапен доби два казнени поени. Педесет метри пред првиот свиок каде што се судрија, возачот на Мерцедес беше значително пред ривалот. Хамилтон рече дека Верстапен се обидел да изврши напад предоцна. Според кажувањата на стјуардите, Луис се обидувал да избегне несреќа. Судиите сметаа дека Холанѓанецот одлучил да маневрира предоцна. зс/

Остани поврзан