• сабота, 20 јули 2024

Верстапен се изедначи со Сена по победи во Формула 1 и на Ред Бул му го донесе јубилејниот 100. триумф

Верстапен се изедначи со Сена по победи во Формула 1 и на Ред Бул му го донесе јубилејниот 100. триумф

Монтреал, 18 јуни 2023 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, вечерва победи на трката од Формула 1 шампионатот возена во Монтреал за Големата награда на Канада.

 

Двократниот шампион во Формула 1 ја освои шестата победа оваа сезона и 41-ва во кариерата. Верстапен се изедначи со трикратниот светски шампион, легендарниот  Аиртон Сена.

 

Верстапен и Сена се на петтото место во историјата по број на победи во Ф-1. Повеќе од нив имаат: Луис Хамилтон (103 победи), Михаел Шумахер (91), Себастијан Фетел (53) и Ален Прост (51).

 

Ред Бул ја освои 100-та победа во Формула 1 и стана петтиот тим во историјата со сто триумфи. 

По број на победи, Ред Бул е зад Ферари (242), Мекларен (183), Мерцедес (125) и Вилијамс (114). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан