• вторник, 24 декември 2024

Верстапен протестираше на прес-конференција откако беше казнет од ФИА поради псовки

Верстапен протестираше на прес-конференција откако беше казнет од ФИА поради псовки

Сингапур, 22 септември 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази незадоволство од паричната казна од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за псовки. Тој на официјалната прес-конференција пред Големата награда на Сингапур одговори со едносложни зборови и рече дека има проблеми со гласот. 

На прашањето на еден од новинарите да одговори подетално, тркачот рече: „Не, може да бидам казнет“..

Потоа изјави дека ќе им даде одговори на медиумите надвор од службената прес-конференцијата на ФИА.

-Ми е смешно тоа што се случи, па зошто да дадам детални одговори? Излегува дека лесно можете да добиете парична казна за ова. Затоа, претпочитам да не кажувам многу, да го зачувам гласот и можам да давам интервјуа на друго место“, рече Верстапен.

Дваесет и шестгодишниот возач на Ред Бул доби општокорисна казна поради употреба на непристоен јазик за време на официјалната прес-конференција на ФИА на 19 септември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан