• вторник, 12 ноември 2024

Верстапен: Не гледам поента во новиот формат на квалификации, подобро е да се работи на приближување на брзината на болидите

Верстапен: Не гледам поента во новиот формат на квалификации, подобро е да се работи на приближување на брзината на болидите

Лондон, 9 март 2023 (МИА) - Макс Верстапен го критикуваше новиот формат на квалификации.

 

Како што претходно беше објавено, на Големата награда на Емилија Ромања, пилотите ќе користат „тврди гуми“ во првиот квалификациски сегмент, „средно тврди“ во вториот и „меки“ во третиот. Оваа сезона ќе има два квалификациски натпревари во експериментален формат.

 

- Мислам дека не ни треба ова во квалификациите. Навистина не ја гледам поентата. Подобро е да се работи на приближување на болидите во брзина отколку да се зголеми спектаклот со такви мерки. Претпоставувам дека ова е само одлука за доброто на шоуто, рече двократниот шампион во Формула 1.

 

Слично размислува и неговиот клупски колега од Ред Бул, Серхио Перез.

 

- Овој експеримент е на сметка на шоуто. Мислам дека нема потреба за вакви новини, особено не по возбудливите квалификации во Бахреин минатиот викенд.

 

Пилотите на Ред Бул, ги освоија првите две места на отворањето на сезоната 2023. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан