• сабота, 23 ноември 2024

Верешчук: Цивилите ќе го напуштат Суми со хуманитарен конвој

Верешчук: Цивилите ќе го напуштат Суми со хуманитарен конвој
Киев, 8 март 2022 (МИА) - Цивилите денеска ќе го напуштат опколениот украински град Суми  според договорот со Русија за воспоставување „хуманитарен коридор“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. „Договорено е првиот конвој да тргне во 10 часот (9 по средноевропско време) од градот Суми. По конвојот, ќе оди локалното население со сопствени возила“, рече Верешчук во телевизиска изјава. Повеќе од десет лица загинаа во воздушни напади врз градот Суми во североисточна Украина, соопштија локалните власти, пренесува ДПА. „Во некои делови се бомбардирани станбени згради“, рече Дмитриј Живицки, шеф на регионалната администрација во Суми, во изјава објавена на Фејсбук рано утрово. Тој рече дека неколку куќи се уништени кога бомба паднала во близина на центарот на Суми. Суми, во близина на руската граница, со денови е место на тешки борби. паг/    

Остани поврзан