Верешчук: Евакуирани се 50 лица од Азовстал
- Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека 50 жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Киев, 6 мај 2022 (МИА) - Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека 50 жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
Таа истовремено ја обвини Русија дека постојано го крши локалниот прекин на огнот и додаде дека евакуацијата е исклучително бавна поради тоа.
Во размената со Русија вратени се 41 затвореник.
- Русија предаде 41 затвореник, меѓу кои 28 војници во размената на затвореници со Украина, изјави денеска вицепремиерката Верешчук.
Таа на Телеграм напиша дека и е „особено драго што меѓу оние кои се вратени во Украина е и високиот претставник на Украинската православна црква“. паг/