• среда, 27 ноември 2024

Вера Чорниј Мешкова е лауреат на меѓународниот натпревар „Де Ришелје“

Вера Чорниј Мешкова е лауреат на меѓународниот натпревар „Де Ришелје“
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) - Македонската и украинска поетеса и преведувач Вера Чорниј-Мешкова е прогласена за лауреат на „Дијамантскиот Војвода де Ришелје“ во категоријата „Поезија“ на меѓународниот литературно-уметнички натпревар „Де Ришелје“. Чорниј-Мешкова го освои ова признание за преведувачко мајсторство за својот превод на стихозбирките „Љубов со водената вила (Техника на безбедност)“ од Сергиј Ѕјуба и „Приспособување кон времето“ од Тетјана Ѕјуба, изданија што неодамна ги објави книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје. Инаку, секоја година, повеќе од 800 поети, прозаисти, драматурзи, преведувачи, литературни критичари, музичари, пејачи, композитори, актери, уметници, новинари од 50-тина држави ширум светот учествуваат на овој натпревар.бт/са/

Остани поврзан