Венус Вилијамс доби вајлд-карта за турнирот во Монтреал
- Американската тенисерка Венус Вилијамс ќе игра на ВТА 1000 турнирот во Монтреал.

Монтреал, 11 јули 2023 (МИА) - Американската тенисерка Венус Вилијамс ќе игра на ВТА 1000 турнирот во Монтреал.
Четириесет и тригодишната тенисерка доби специјална покана (вајлд-карта) за настап во канадскиот град.
Вилијамс по 12-ти пат ќе учествува на турнирот во Монтреал. Нејзиниот најдобар резултат е постигнат во 2014 година кога ја победи својата сестра Серена за да стигне до финалето во Монтреал каде што загуби од Агњешка Радвањска.
Турнирот ќе се одржи од 4 до 13 август. зс/
Фото. ЕПА