• сабота, 23 ноември 2024

Венбин: Лажни се обвинувањата дека Кина ја користи Куба како своја база за шпионирање

Венбин: Лажни се обвинувањата дека Кина ја користи Куба како своја база за шпионирање

Пекинг, 12 јуни 2023 (МИА) - Кина соопшти дека се лажни наводите дека ја користела Куба како шпионска база, критикувајќи ја американската Влада и тамошните медиуми за објавување „неточни информации“.

Официјален претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во саботата изјави дека Кина веќе некое време спроведува шпионажа од Куба и дека ги модернизирала разузнавачките капацитети на островот во 2019 година, пренесоа британските медиуми.

Минатата недела весникот „Волстрит журнал“ објави дека на островот е во тек нова шпионска активност, повикувајќи се на американски официјални претставници.

-Во врска со наводните шпионски активности на Кина во Куба, ова е типичен пример за лажни информации. Во текот на изминатите два дена, слушнавме американски официјални претставници и медиумите објавуваат голем број неточни информации во врска со наводната шпионажа. Овде, САД самите се контрадикторни, изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин. сд/

фото: архива

Остани поврзан