• недела, 29 март 2026

Вембањама изби на лидерската позиција за МВП

Вембањама изби на лидерската позиција за МВП

Њујорк, 28.март 2026 (МИА) – Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембањама според последниот „пресек“ изби на лидерската позиција за освојување на МВП наградата. Доколку успеа да ја освои оваа престижна награда на крајот од регуларната сезона во НБА лигата ќе го собори рекордот на Дерик Роуз.

Роуз во 2011 година имаше 22 години и 191 ден со што е најмладиот освојувач на престижната награда. Но, играчот на Сан Антонио 22-риот роденден го прослави на 4.јануари годинава што значи дека во случај да стане МВП ќе биде и најмладиот што ја освоил оваа награда.

Вембањама е еден од најдобрите дефанзивци, а има просек од 24,2 поена по натпревар со 11,2 скока, 3 асистенции и 3,1 блокада. Притоа има и шут од игра од 50,5 проценти. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан