• вторник, 21 април 2026

Велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Струга, 20 април 2026 (МИА) - Европската куќа Струга во соработка со Општина Струга и спортскиот клуб Соларис на 16 мај организираат меѓународната велосипедска тура околу Охридското Езеро.

Вело турата, како што наведуваат, во должина од 90 километри, е по повод Денот на Европа, а ќе се реализира Струга - Поградец – Охрид – Струга.

- Учесниците може да очекуваат заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, брендирани материјали за учесниците и заеднички финиш и ручек како завршница на денот, соопшти Европска куќа Струга.

Бројот на учесници, како што е наведено, е ограничен по принсипот прв пријавен – прв услужен. сс/дма/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан