• сабота, 21 февруари 2026

Велковски и Костовски извршија увид во изградбата на нова детска градинка во Бутел 2

Велковски и Костовски извршија увид во изградбата на нова детска градинка во Бутел 2

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2.

Како што соопштија од Општина Бутел, градежните активности напредуваат со одлична динамика и се во завршна фаза.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази големо задоволство за реализирањето на овој капитален проект и останува посветен на обезбедување најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во секое населено место во општина Бутел.

- Стариот објект, кој беше изграден во далечната 1964 години, е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1.800 м2. Новиот објект ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Новиот објект ќе ги исполнува сите услови за згрижување 200 деца - стои во соопштението од Општината.

Во новата градинка, додаваат од таму, ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна.

- пштина Бутел го исполнува најголемото барање на граѓаните. Локалната самоуправа вложува во капитален објект по многу години лажни ветувања. Изградбата на новата детска градинка е најголема инвестиција во населеното место Бутел 2 - посочуваат од Општината. нд/са/

Фото: Општина Бутел 

Остани поврзан