• вторник, 26 ноември 2024

Велика Британија ја повика Германија да дозволи испраќање тенкови во Украина

Велика Британија ја повика Германија да дозволи испраќање тенкови во Украина

Лондон, 16 јануари 2023 (МИА) – Велика Британија ја повика Германија да дозволи испраќање тенкови „Леопард“ во Украина, нагласувајќи дека тоа може да ги поттикне другите земји да пружат поддршка и Берлин нема да дејствува сам.

„Познато е дека Полска е очигледно многу заинтересирана да донира некои ‘Леопарди’, како и Финска“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Вoлас во Парламентот.

„Сето ова во моментов зависи од одлуките на германската Влада. Не само дали Германија ќе ги испрати своите ‘Леопарди’, туку дали ќе им даде дозвола на другите (да го сторат истото). Ги повикувам моите германски колеги да го сторат тоа“, додаде Волас. паг/

Остани поврзан