• понеделник, 02 март 2026

Велика Британија собори ирански дрон кој се движел кон Катар

Велика Британија собори ирански дрон кој се движел кон Катар

Лондон, 1 март 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Тајфун на Кралските воздухопловни сили денеска соборил ирански дрон кој се движел кон Катар.

Инцидентот е прво вклучување на британските сили по заедничките напади на САД и Израел врз Иран.

Вчера британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британските авиони биле „на небото“ на Блискиот Исток како дел од одбранбени операции. мс/

фото: Архива

Остани поврзан