• петок, 05 декември 2025

Велика Британија повика на смирување на состојбата на Блискиот Исток

Велика Британија повика на смирување на состојбата на Блискиот Исток

Њујорк, 13 јуни 2025 (МИА) – На итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, британската амбасадорка Барбара Вудворд повика на итно деескалирање на тензиите по нападите на Иран врз Израел.

– Наш приоритет мора да биде спречување на натамошна ескалација на Блискиот Исток. Ги повикуваме сите страни итно да се повлечат, да покажат воздржаност и да ги намалат тензиите, рече Вудворд.

Таа додаде дека британските власти денеска разговарале и со израелски претставници и со ирански министер.

– Обединетото Кралство отсекогаш се залагаше за дипломатско решение во справувањето со иранската нуклеарна ескалација, која нема кредибилно оправдување, додаде таа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан