• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија повика на брз прекин на насилството во Појасот Газа

Велика Британија повика на брз прекин на насилството во Појасот Газа
Лондон, 6 август 2022 година (МИА) - Велика Британија денеска повика на „брз крај“ на насилството во Појасот Газа. „Обединетото Кралство стои со Израел и неговото право да се брани себеси“, напиша на Твитер министерката за надворешни работи Лиз Трас. „Ги осудуваме терористичките групи што пукаат кон цивили и насилството што резултираше со жртви на двете страни. Повикуваме на брз прекин на насилството“, додаде Трас. Во израелските воздушни напади, кои започнаа вчера попладне, загинаа најмалку 15 лица во Газа, меѓу кои командант на Исламски џихад, петгодишно девојче и две жени, а ранети се 125 други. Исламски џихад одговори со баражен оган, главно насочен кон јужен Израел. ссм/

Остани поврзан