• сабота, 23 ноември 2024

Велика Британија најави нови санкции против руски бродови и бродски компании

Велика Британија најави нови санкции против руски бродови и бродски компании

Лондон, 26 септември 2024 (МИА) - Велика Британија денеска соопшти дека санкционирала пет нови бродови и две други бродски компании како дел од режимот санкции против Русија.

Претходно овој месец, Велика Британија воведе санкции за уште 10 бродови од таканаречената „флота во сенка“ на руски бродови, за што наведува дека користи нелегални практики за да ги избегне западните ограничувања за руската нафта.

Русија се спротивстави на притисокот на Западот за да го ограничи извозот на нафта, а изминатата година се зголеми бројот на танкери кои превезуваат товар што не е регулиран или осигуран од етаблирани западни компании. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан