• вторник, 24 декември 2024

Велика Британија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан поради зголемените тензии на Блискиот Исток

Велика Британија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан поради зголемените тензии на Блискиот Исток

Лондон, 30 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами синоќа ги повика британските граѓани да го напуштат Либан и да не патуваат во таа држава во услови на растечки тензии на Блискиот Исток, јави ДПА.

Лами рече дека „ситуацијата брзо се развива“, а претставниците на Форин Офисот работат „деноноќно“ за да помогнат британските граѓани да бидат безбедни.

Британското МНР предупреди дека настаните во регионот би можеле да ескалираат за „кратко известување“ и да доведат до сериозни прекини во превозот на патници кои заминуваат од Либан.

„Не сметајте на Министерството за надворешни работи дека ќе може да ве евакуира во случај на вонредна состојба“, се наведува во соопштението.

Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат оган долж израелско-либанската граница од почетокот на војната во Газа во октомври лани, но тензиите меѓу нив се зголемија по нападот на Хезболах поддржан од Иран на Голанската висорамнина. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан