• четврток, 26 декември 2024

Велигденска честитка од Социјалистичката партија на Македонија

Велигденска честитка од Социјалистичката партија на Македонија

Скопје, 15 април 2023 (МИА) - Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, на поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и на сите христијански верници, од името на Социјалистичката партија на Македонија и од лично, упати честитки по повод Велигден.

Во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник Христовото Воскресение - Велигден во честитката тој посакува здравје, благодет, Христова љубов, а на сите македонски граѓани спокој во секој дом и во сечие срце.

- Велигден е возвишениот празник во кој се воспева животната среќа и изворот на љубовта и надежта, ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост, а ние за да го почувствуваме Христовото воскресение, потребно е да се раководиме со вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието и да живееме во верата со добри дела. Само ако нашиот живот е исполнет со такви добродетели тогаш сме ја разбрале и смислата на нашето постоење. Овој голем христијански празник е убава пригода за потврда на нашата искрена и длабока верба во Македонската православна црква која и понатаму ќе продолжи со ширењето и јакнењето на верата, во обновувањето и зацврстувањето на внатренационалното разбирање и меѓунационалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален македонски идентитет. Затоа што со цврста верба, само единствени можеме нашата Татковина да ја направиме поубава во сегашноста и иднината. Обединети околу овие човечки вредности да ги вратиме оние кои, заведени од туѓите и лажни ветувања, застраниле и отстапиле од македонското заедништво и сите збрани да придонесеме со ширење меѓусебна добрина во зацелување на нанесените рани. Да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајната љубов и да возвратиме со.чесност и достоинство, посветеност и приврзаност кон Татковината, со искрена љубов и взаемно почитување да создадеме подобро утре за нашите деца и идните поколенија, стои во честитката од СП по повод Велигден. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан