• сабота, 06 декември 2025

Велешки средношколци се обучуваа за моден дизајн на облека и декоративен дизајн на мебел

Велешки средношколци се обучуваа за моден дизајн на облека и декоративен дизајн на мебел

Велес, 17 ноември 2023 (МИА) - Велешки средношколци денеска во Европската куќа на млади во Велес се обучуваа за моден дизајн на облека и декоративен дизајн на мебел за сами да отворат сопствен бизнис.

Средношколците во рамки на обуката за Моден дизајн земаа мерки и ги прилагодуваа на нацртана креација на женски и машки модел. Според мерките, исто така, ја пресметуваа  потребната метража на ткаенини за нацртаните модели. Мерките ќе се употребат на обуката наредната недела, кога учесниците во проектот „Клуч за сопствен бизнис“ ќе изработуваат теркови за кроење на модели.

На обукките за Декоративен дизајн се учеше како да се нацрта скица за елементи како што се плакари, шкафови, комоди или делови од мебел, делови од кујнски елементи, информира за МИА, Маја Чадиева Јенсен од Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС. Двете обуки се во рамките на проектот „Клуч за сопствен бизнис“.

Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондацијата за локален развој и демократија - ФОКУС се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Велес.

Чадиева Јенсен од Фондација ФОКУС за МИА, појаснува дека по завршување на четиримесечната обука средношколците ќе добијат признати домашни и меѓународни сертификати  некои од нив за модни дизајн за изработка на облека, а другите за декоративен дизајн на мебел. Со овие сертификати по завршување на средното образование тие ќе можат да си отворат сопствен бизнис. ад/дма/

Фото: Фондација ФОКУС 

Остани поврзан