• четврток, 26 декември 2024

Велешките средношколци на општината и иницираа повеќе идеи и предлози

Велешките средношколци на општината и иницираа повеќе идеи и предлози

Велес,15 април 2024 (МИА) - Велешките ученици од четирите општински средни училишта, денеска, заедно со градоначалникот Марко Колев во Градскиот парк дебатираа на различни теми значајни за нив и за младите во градот. Дадоа предлози и иницијативи на кои во иднина, како што беше речено, ќе работи Општината. Воедно ги мотивираа младите да учествуваат на еколошки акции за почист и поубав град, но и да ја чуваат урбаната опрема, да не се уништуваат поставените клупи и канти за отпадоци кои се набавуваат од општинскиот буџет.

На настанот беа присутни повеќе од 200 млади, претставници на Локaланиот младински совет и дел од советниците на Општина Велес

Преставнички од Локален младинки совет на средношколците им предложија слободно да ги контактираат и сите идеи што ги имаат за поубав Велес да им ги пренесат, за потоа да бидат предложени пред градоначалникот и Советот на општината и да бидат реализирани.

Денешната дебата е завршен настан од проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ преку кој во изминатиот период беа организирани пет работилници за врсничко насилство, булинг, ментално здравје, инклузија и конструктивни наративи со повеќе од 200 млади ученици, дебата за 8 Март како потсетник за вистинската суштина и борба за родова еднаквостза како и две одиграни тематски престави за 400 млади.

На самиот крај од настанот на отворено  средношколците се забавуваа заедно со велешката музичка ѕвезда  Мики Секуловски. ад/мч/

фото: МИА

Остани поврзан