Велешките основци идната учебна година ќе добијат бесплатни униформи oд Општина Велес
- -Учениците од основните училишта во Велес, во почетокот на учебната 2026/27 година со средства од општинскиот буџет ќе добијат нови бесплатни униформи од Општина Велес, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Велес, 28 ноември 2025 (МИА) -Учениците од основните училишта во Велес, во почетокот на учебната 2026/27 година со средства од општинскиот буџет ќе добијат нови бесплатни униформи од Општина Велес, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Тој потенцира дека оваа мерка ќе придонесе за намалување на финансиските трошоци за семејствата и ќе создаде еднакви услови за образование за сите ученици.
- Дополнително, се очекува дека иницијативата ќе помогне во намалување на врсничката поделба и насилство поради материјална различност меѓу учениците, потенцира Колев.ад/лв/
фото: МИА архива