• сабота, 27 јули 2024

Велешкиот атлетичар Трајче Илијевски на прием кај градоначалникот Колев

Велешкиот атлетичар Трајче Илијевски на прием кај градоначалникот Колев

Велес, 17 март 2022 (МИА) - Трајче Илијевски од Велес, атлетичар кој го освои првото место во трката на 3.000 метри на Балканското ветеранско првенство во сала што се одржа во Словенија и се закити со титулата балкански шампион, денеска, беше примен од градоначалникот Марко Колев.

Градоначалникот Колев од име на Општината му искажа благодарност за афирмација на градот и државата, ветувајќи му поддршка за неговите натамошни спортски натпревари.

громно е задоволството кога слушаме за спортски успеси на балкански манифестации, а гордоста е уште поголема кога златниот медал ќе се врати токму во Велес, потенцира градоначалникот Колев. ад/вг/

Остани поврзан