• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велешката полиција  бара две малолетни девојчиња кои вчера излегле од дома и не се вратиле

Велешката полиција  бара две малолетни девојчиња кои вчера излегле од дома и не се вратиле

Велес, 2 јуни 2025 (МИА) - Две девојчиња, од Велес и село во Општина Чашка на возраст од 13 и 14 години, во ист ден, вчера, излегле од дома и не се вратиле, а по нив трага велешката полиција, информираат денеска од СВР Велес.

Тринаесетгодишното девојче го нема од вчера од 08:00 часот. Таткото, 39 годишниот Р.Ј. со привремен престој во село Стари Град, Општина Чашка, пријавил во Сектор за внатрешни работи дека од домот се оддалечила неговата 13-годишна  ќерка А.Ј. Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.

Исто така, попладнето, во 17:30 часот, пријава во СВР Велес стигнала и од 46-годишната А.Е.од Велес за оддалечување на нејзината 14-годишна ќерка ќерка М.Е. Мајката се сомневала дека девојчето е со лицето С.У.

Од СВР Велес информираат дека се превземени  мерки за пронаоѓањето на двете девојчиња. ад/сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан