• понеделник, 23 декември 2024

Велешката Општа болница неделава треба да има нов директор

Велешката Општа болница неделава треба да има нов директор

Велес, 24 јануари 2024 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета  на ЈЗУ Општа болница Велес, кога болницата ќе добие нов директор најави дека неделава Министерството за здравство ќе назначи од редовите на болницата.

Инаку досегашниот директор на ЈЗУ Општа болница Велес, Ристе Богоевски, кој по професија е адвокат, деновиве беше назначен за нов државен правобранител на подрачјето на Основен суд Велес. ад/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан