Велешанка и нејзиното момче нападнати од поранешен партнер, користени електрошок и тврд предмет
- Во СВР Велес, 23-годишна велешанка вчера во 08:30 часот пријавила дека во нејзиниот дом дошол 26 годишниот Б.Б. од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребил електрошок и тврд предмет,информираат денеска од СВР Велес.
Велес, 10 март 2026 (МИА) - Во СВР Велес, 23-годишна велешанка вчера во 8:30 часот пријавила дека во нејзиниот дом дошол 26 годишниот Б.Б. од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребил електрошок и тврд предмет, информираат денеска од СВР Велес.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.
Како што најавија од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.ад/ар