• среда, 25 декември 2024

Велес ќе добие атмосферска канализација

Велес ќе добие атмосферска канализација

Велес, 31 август 2023 (МИА) - Преку проект на ЕУ центrалното подрачје на Велес по првпат ќе добие атмосферска канализација за отвод на атмосферските и дождовни води од високите реони на градот. Градоначалникот Марко Колев на денешната прес - конференција, одговарајќи на прашање на МИА нагласи дека со тоа ќе се реши повеќедеценискиот проблем со поплавување на централните градски улици по секој дожд.

Колев појасни дека работите започнаа кај Рампата на мостот „Гемиџии”, и ќе се одвиваат се до кружниот тек на плоштадот Срмаале. Тој информира дека освен поставување атмосферска канализација во рамките на проектот ќе се работи и на асфалтирање на улицата, на нов кружен тек на плоштадот Срмаале и на реконструкција на постоечкиот во центарот на Велес.

Воедно, ќе се набават и смарт елементи за ова центално подрачје на градот Велес, а за кои дополнително ќе биде распишан тендер.

-Изминатите неколку дена се вадеа бехатон плочките, а денеска кај рампата кај новиот мост „Гемиџии” се поставуваат цевки ФИ 800 за собирање на атмосферската вода со што централното подрачје наскоро ќе се заштити од поплави, потенцира Колев.

Тој најави дека овој значаен проект за Велес треба да заврши до крајот на годинава. ад/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан