• вторник, 26 ноември 2024

„Велес трча 2023“: Први на трките Игор Јакимовски, Роберто Димитриевски, Фросина Михајловска и Марија Стојановска

„Велес трча 2023“: Први на трките Игор Јакимовски, Роберто Димитриевски, Фросина Михајловска и Марија Стојановска

Велес,12 ноември 2023(МИА) - Игор Јакомовски  од „Коррунерс“ од Скопје прв стигна на целта на денешната маратонска трка  на 10 километри  „Велес трча 2023“ со време 37:17, на пет километри прв е Роберто Димитриевски атлетичар од Велес. Кај жените прва на 10 километри е Фросина Михајловска со време 45 минути, а на 5 километри прва на целта стигна Марија Стојановска од АК „Делта“ од Скопје.

Игор Јакимовски најдобриот на 10 километри за МИА,  информира дека ова бил најдобриот настан што долго ќе му остане во сеќавање.

- Оваа ми е 50. трка во сезоната 2023 и на најубав начин извојував победа.Супер организација и супер замислена трка, се трчаше на атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион и потоа низ Градскиот парк и на секој круг се влегуваше на патеката во стадионот.Оваа трка се трчаше на овој начин како што сум  почувствувал кога сум трчал на   многу светски трки.Со тоа организаторите покажаа дека и ние тука во нашата земја тоа можеме да го направиме.Секоја чест за велешани како организатори, потенцира првопласираниот Игор Јакимовски од Скопје.

Втор на 10 километри мажи е  Христифор Пејовски од АК „Вардар“ од Скопје, а трет Лаки Толовски од Меридиан.

Во изјавата за МИА Христифор Пејовски од АК„Вардар“од Скопје  потенцира дека трката била одлично организирана.

-Одлична беше патеката и одлична организација.Сум учествувал на многу маратони во земјава и сум освоил второ место на Кавадаречкиот маратон и на Армискиот маратон. Добро е што се’ повеќе има интерес за атлетските маратони и што се повеќе има и атлетичари и рекреативци.Посебно е важно што има и детски трки и   тоа  придонесува најмладите –децата да почнат да трчаат и да се занимаваат со спорт и рекреација ,потенцира Пејовски кој е професор по физичко во ООУ „Драга Стојановска“ во село Снопиште.

Кај жените втора на 10 километри е Јасминка Каркински од „Атомик“,а трета Анита Китанова од АК „Борец“. Добро е што се повеќе има интерес за атлетските маратони и што се повеќе има и атлетичари и рекреативци.Посебно е важно што има и детски тркими што придонесува кај најмладите –децата да почнат да трчаат и да се занимаваат со спорт,потенцира Пејовски кој е професор по физичко во ООУ „Драга Стојановска“ во село Снопиште.

Прво пласираниот на пет километри младиот велешки атлетичар Роберто Димитриевски за МИА изјави дека е пресреќен на оваа своја прва победа која е уште поголема бидејќи е во рамките на програмата за 9 Ноември -  Ден на ослободување на Велес и Ден на Општина Велес.

-Најтешко е да се трча дома бидејќи тука се моето семејство моите пријатели моите велешани и сакав да се покажам во најдобро светло и успеав и сум пресреќен на оваа моја прва победа,Беше напорно но успеав и сум  многу горд на оваа победа која е поттик да продолжам понатаму на пиедесталот на најдобрите атлетичари во земјава и на меѓународен план. Најавувам уште многу маратони и се надевам  на уште многу победи, најави Димитриевски, кој беше 11 во многу силна конкуренција на неодамна одржаниот Скопски Wizzair Маратон,  четвртти на Кичевскиот и петти на Прилепскиот Маратон. 

На маратонот на пет километри мажи втор  е Ибраим Мамудов, а трет Ријад Шаипи од АРМ. Кај жените на пет километри втора е Ана Атанасова од АК „Борец“ од Велес, а трета Дарија Крстевска .

Екипно прво место на пет километри  освои екипата на Брако, втора на АК „Борец“ , а трета е екипата на „Олимп“.

Освен за возрасни имаше и Детски атлетски трки на 100, 200, 300 и 400 метри, а на сите учесници организаторот им додели медали за учество.

Организатор беше ЗГ АК „Борец“ од Велес со финансиска подршка на Општина Велес и спонзори, а во рамки на програмата на 9 ти Ноември Ден на ослободување на Велес и Ден на Општина Велес.Во трките на пет и 10 километри имаше над 400 учесници како и над 300 деца во детските трки.ад/лв/

Остани поврзан