Везенков МВП на сезоната 2022/23 во Евролигата
- Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков е прогласен за најкорисен играч (МВП) на Евролигата за сезоната 2022/23.
Барселона, 18 мај 2023 (МИА) – Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков е прогласен за најкорисен играч (МВП) на Евролигата за сезоната 2022/23.
На 38 натпревари во сезоната, Везенков имаше просек од 17,2 поени и 6,8 скока, шутирајќи 53,7% од поле и 38,5% од зад лакот.
Индивидуалниот рејтинг на Везенков е 21,2, со што стана вториот играч по Лука Дончиќ (21,0 во сезоната 2017/18) со рејтинг над 21 (минимум 30 настапи).
Двапати во текот на сезоната, Везенков беше МВП на месецот: во ноември и февруари.
Тој исто така стана вториот играч во историјата кој е и МВП и добитник на наградата Алфонсо Форд. Претходно ова му успеа само на Нандо Де Коло (сезона 2015/16).
„Фајнл-форот“ започнува утре. Олимпијакос ќе се соочи со Монако, Барселона игра со Реал Мадрид.
Правата на Везенков во НБА му припаѓаат на Сакраменто. Претходно беше објавено дека страните се блиску до склучување договор. зс/
Фото: Евролига