• сабота, 23 ноември 2024

Вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Охрид, 30 октомври 2024 (МИА) – Полициски службеници припадници на активниот состав од Полициската станица од општа надлежност Охрид денеска од 9 часот на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.

Активноста се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, Ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Од СВР – Охрид се апелира до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. аб/са/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан