• сабота, 23 ноември 2024

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

Лос Анџелес, 17 јyни 2024 (МИА) - Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот.

Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно.

Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот.

Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност.

Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.

- Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.

Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува.

Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан