• понеделник, 23 декември 2024

Вежба на ЕУФОР од 11 до 29 септември во БиХ

Вежба на ЕУФОР од 11 до 29 септември во БиХ

Сараево, 30 август 2023 (МИА) - Годишната вежба на ЕУФОР за брз одговор 2023 ќе се одржи низ Босна и Херцеговина од 11 до 29 септември, објави Бета.

Во вежбата ќе партиципираат војници од 22 земји кои учествуваат во мисијата ЕУФОР. 

Составот на мировните сили на ЕУ во БиХ привремено ќе биде зајакнат со испраќање на резервни сили, соопшти денеска мисијата ЕУФОР.

Целта на вежбата е да се покаже подготвеноста на ЕУФОР и да се потврди континуираната поддршка за одржување на безбедна и стабилна средина во Босна и Херцеговина, се вели во соопштението.

Во деновите пред почетокот на вежбата, граѓаните на Босна и Херцеговина може да очекуваат зголемено движење на војниците и транспорт на опрема додека резервните сили пристигнуваат во земјата. мс/

фото: Принтскрин/ЕуфорБиХ

Остани поврзан