Ведро и тивко за новогодишната ноќ
- За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Скопје, 31 декември 2022 (МИА) - За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.
Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи
дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на
магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните
часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер,
што ќе ги намали условите за магла. бак/лв/