• вторник, 18 февруари 2025

Ваљбон Лимани со најголеми шанси да биде кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани со најголеми шанси да биде кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Гостивар

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) – Ваљбон Лимани, актуелниот вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар е потенцијален кандидат на претстојните локални избори, одговори на новинарско прашање министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на поликлиниката Бит Пазар во Скопје.

Таравари, кој ја отстапи функцијата градоначалник пред истек на вториот мандат, смета дека Лимани според направените анкети ја ужива поддршката на граѓаните и дека има големи шанси да биде кандидат на претстојните избори од коалицијата ВРЕДИ.  

- Верувам дека е потенцијален кандидат за градоначалник, но треба да се координираме во ВРЕДИ и во Алијанса за Албанците. Лимани има огромни шанси да биде кандидат за градоначалник како заеднички, на коалицијата, изјави Таравари, одговорајќи на новинарско прашање. 

Ваљбон Лимани беше претседател на Советот на општината и важи за близок соработник на Таравари. Во јули минатата година стана в.д градоначалник на Гостивар. згм/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан