Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска
- Фудбалерот на холандската репрезентација Џорџињо Вајналдум ги сумираше резултатите на пријателскиот натпревар против Грузија (3:0).

Амстердам, 7 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерот на холандската репрезентација Џорџињо Вајналдум ги сумираше резултатите на пријателскиот натпревар против Грузија (3:0).
- Бевме критикувани по натпреварот со Шкотска, и ова е нормално по ваквата игра. Но, ние верувавме дека можеме да постигнеме повеќе, отколку што покажавме, тогаш истакна Вајналдум за тамошните медиуми.
Холандија на претходниот пријателски натпревар ремизираше со Шкотска (2:2).
На претстојното Европско првенство, Холандија ќе и биде противник на македонската репрезентација во групата Ц каде уште ќе играат Австрија и Украина. зс/