• сабота, 27 јули 2024

Вајналдум се согласи да се пресели во Барселона

Вајналдум се согласи да се пресели во Барселона
Барселона, 2 септември 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред Џорџињо Вајналдум се согласи да се пресели од Ливерпул во Барселона. Според „Sport.es“, преговорите меѓу клубовите се веќе во тек. Каталонците се подготвени да платат не повеќе од 20 милиони евра. Претходно беше објавено дека Вајналдум е приоритетен трансфер на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман. Минатата сезона, Вајналдум одигра 47 натпревари на сите турнири, на кои постигна шест погодоци. зс/

Остани поврзан