Вашингтон бара одговори од Израел поради загинатите луѓе во текот на дистрибуцијата на помош во Газа
- САД денеска побараа од Израел да даде „одговори“ по смртта на повеќе од 110 луѓе, според палестински Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во Газа, што се претвори во хаос.
Вашингтон, 29 февруари 2024 (МИА) - САД денеска побараа од Израел да даде „одговори“ по смртта на повеќе од 110 луѓе, според палестински Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во Газа, што се претвори во хаос.
„Од утрово сме во контакт со израелската Влада и разбираме дека истрагата е во тек. Внимателно ја следиме таа истрага и ќе извршиме притисок за одговори“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Израелските војници денеска отворија оган во Газа врз луѓето кои јурнаа да добијат помош од камиони со хуманитарна помош, при што според палестински Хамас, загинаа 112 лица.
Според палестинските очевидци и здравствените власти, повредени се најмалку 700 луѓе.
Израелските официјални претставници признаваат дека израелските војници отвориле оган и велат дека тоа го направиле кога толпата се приближила на заканувачки начин.
Според очевидци и здравствените служби во Газа, војниците распоредени во близина за да го заштитат конвојот отвориле оган врз толпата што се туркала кон камионите при нивното пристигнале на кружниот тек во градот. рп/
Фото: МИА архива