• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ватикан: Папата и неговите соработници се негативни на коронавирус

Ватикан: Папата и неговите соработници се негативни на коронавирус
Ватикан, 28 март 2020 (МИА) - Резултатите од тестовите за коронавирус направени на папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни, соопшти Ватикан. Во Ватикан се тестирани 170 лица, од кои шест се позитивни. - Можам да потврдам дека ниту Светиот Отец ниту некој од неговите најблиски помошници не е меѓу нив, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. паг/

Остани поврзан