• среда, 27 ноември 2024

Ватикан купи ладилник за складирање вакцини против Ковид-19

Ватикан купи ладилник за складирање вакцини против Ковид-19
Ватикан, 2 јануари 2021 (МИА) - Најмалата држава Ватикан купи ладилник за вакцините на Фајзер и БиоНТек против коронавирусот, а таму се очекува вакцинацијата да започне најдоцна до втората половина на јануари. Во Ватикан живеат околу 450 луѓе, бклучувајќи го и папата Франциск, а неколку стотици од неговите вработени живеат во Рим, кој го опкружува градот-држава. - Вакцините најверојатно ќе пристигнат во втората недела од јануари во доволни количини, за да се обезбедат потребите на Светиот престол и државата Ватикан, се наведува во соопштението на малата држава. Ватикан соопшти дека купил ладилник за складирање на дозите при ултра-ниска температура, што укажува на тоа дека ќе ја користи вакцината заеднички изработена од американската компанија Фајзер и германската БиоНТек, која треба да се чува на околу минус 70 Целзиусови степени. гт/

Остани поврзан