• вторник, 24 декември 2024

Ватикан: Изјавите на папата Франциск за хомосексуалците се извадени од контекст

Ватикан: Изјавите на папата Франциск за хомосексуалците се извадени од контекст
Ватикан, 2 ноември 2020 (МИА) - Ватикан денеска соопшти дека коментарите на папата Франциск за закон за граѓански заедници се извлечени од контекст и оти не навестуваат промена на црквената доктрина за хомосексуалците ниту поддршка за истополовите бракови. Папата во документарниот филм „Франциск“ минатиот месец изјави дека хомосексуалците имаат право да бидат семејство и оти треба да бидат заштитени со законите за граѓански заедници. Либералите ги пофалиија таквите ставови, додека конзервативците побараа од папата Франциск итно да ги појаси своите изјави. Државниот секретаријат на Ватикан минатата недела испрати објаснување до своите амбасадори, што го проследија до бискупите, а во кое се наведува дека тоа се две одвоени изјави, кои се одговор на две различни прашања, исечени се да изгледаат како една, а избришани се прашањата и изгубен е контекстот. Во нотата што прв ја објави биографот на папата, се наведува дека Франциск во првата изјава зборува за правата на хомосексуалците во семејството да бидат прифатени како деца и роднини, а некои тоа го протолкуваа како право на хомосексуалците да формираат свои семејства. Според Римокатоличката црква хомосексуалните склоности се грев, но дека кон хомосексуалците мора да се почитуваат. Документарниот филм „Францсик“, што на 21 октомври беше премиерно прикажан на фестивал во Рим е на режисерот Јевгниј Афиневски и е посветен на изминатите 7,5 години откако Франциск стана папа и неговата работа за заштита на животната средина, сиромаштијата, миграцијата, расната и социјална нееднаквост. – Тие се деца на Бог. Не можете некого да го исфрлите од семејството ниту поради тоа да го направите нивнито живот беден. Тоа што мораме да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие се законски покриени, посочи папата Франциск. Во филмот е прикажано како папата охрабрува двајца геј мажи да доаѓаат на миса заедно со нивните три деца. Во долгометражниот документарен филм прикажан е и односот на папата кон обвиненијата за сексуално злоставување во Римокатоличката црква. ми/

Остани поврзан