Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
- Здравствената состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.

Рим, 1 март 2025 (МИА) - Здравствената состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.
„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.
Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.
Папата Франциск вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.
Се очекува дека на неговите лекари ќе им бидат потребни 24 до 48 часа за да проценат како вчерашната епизода ќе влијае на неговата општа состојба. рп/
Фото: АНСА