Васко Шутаров ги објави своите карантински колумни и есеи
- Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје ја објави збирката колумни и есеи од современиот македонски политиколог, дипломат и професор, Васко Шутаров со наслов „Со зрно сол. И парче локум. Каранти

Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје ја објави збирката колумни и есеи од современиот македонски политиколог, дипломат и професор, Васко Шутаров со наслов „Со зрно сол. И парче локум. Карантински колумни и есеи“.
Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, рецензентот и промотор на изданието Елка Јачева Улчар, истакна дека пораките кои произлегуваат од колумните и есеите имаат потрајна димензија.
-Читателите на оваа книга претпоставувам нќе ја препознаат остроумната и далекосежна мисла, кон еден свет низ кој само човечноста би ни била мерна единица и мисла водилка за бескомпромисна акција во практиката. Или, како што вели Шутаров, „време во кое ќе се сподели најмногу човечност и правичност по глава на жител, вели Јачева.
Книгата е спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk. мч/дма/