• понеделник, 10 февруари 2025

Васкез нема да игра против Манчестер сити

Васкез нема да игра против Манчестер сити

Мадрид, 9 февруари 2025 (МИА) - Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, ќе биде надвор од терените 2-3 недели поради повреда на бутен мускул.

Клубот соопшти дека на Лукас Васкез му е дијагностицирана повреда на левиот бутен мускул поради што нема да биде вклучен во составот за натпреварот против Манчестер сити на 11 февруари.

Според новинарот Аранча Родригез, 33-годишниот фудбалер ќе пропушти дваесетина дена.

Оваа сезона Васкез одигра 19 натпревари во Ла Лига и постигна 1 гол.

Подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити ќе избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан