• среда, 27 ноември 2024

Вархеји по средбата со Вучевиќ: Денешните клучни одлуки ќе ги обликуваат наредните пет години

Вархеји по средбата со Вучевиќ: Денешните клучни одлуки ќе ги обликуваат наредните пет години

Белград, 14 мај 2024 (МИА) - Комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, во Белград, по средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ, најави дека денешните клучни одлуки „ќе ги обликуваат следните пет години“.

Вархеји, кој вчера се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Икс напиша дека денеска се сретнал со Вучевиќ и членови на неговиот кабинет

„Ова е критична година. Следните пет години ќе бидат обликувани од денешните клучни одлуки. Нема време за губење“, напиша Вархеји.

Тој додаде дека детално разговарал за отворените прашања од реформската агенда во Владата на Србија, кои треба да бидат финализирани во наредните денови. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан