• среда, 27 ноември 2024

Вархеји: Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија

Вархеји: Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија

Брисел, 21 октомври 2024 (МИА) - Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната Европска комисија да стане членка на ЕУ.

„Силната посветеност на Албанија кон реформскиот процес нѐ доведе до отворање на првиот кластер на минатонеделната Меѓувладина конференција. Даваме целосна поддршка за забрзување на реформскиот процес, за земјата да може да стане членка на ЕУ до крајот на следниот мандат“, објави Вархеји на социјалната мрежа Икс.

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор. ссм/

фото: архива

Остани поврзан