• сабота, 23 ноември 2024

Варди ќе го обнови договорот со Лестер до 2023 година

Варди ќе го обнови договорот со Лестер до 2023 година
Лондон, 26 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди е близу до потпишување на нов договор со клубот. Според „Sky Sports“, фудбалерот се согласил да го продолжи договорот со Лестер за уште една година. Сегашниот договор истекува летото 2022 година. Варди ќе остане во Лестер до 2023 година, кога ќе наполни 36 години. Пријавено е дека според новиот договор, платата на Англичанецот ќе се зголеми. Минатата сезона, Варди постигна 23 гола за Лестер во Премиер лигата и стана најдобар стрелец во првенството. зс/

Остани поврзан